Аларм
ЗОШТО АЛАРМ?
Не би сакале да звучиме како да ви читаме од учебник по предметот Запознавање со природата, но од некаде мора да се почне, па веројатно најлогично е да се почне од почеток:
-
Животот и работата на човекот се неделиви од водата.
- Човек без храна може да живее 3-4 недели, ама без вода само 3-4 дена.
- Водата преставува незаменлив природен ресурс, значаен за опстанокот и развојот на сиот жив свет и за општеството. Без вода нема производство, а нема ниту опстанок.
-
9 000 000 луѓе во светот немаат пристап до чиста вода, што е приближно 1 од 8 луѓе.
- Секои 20 секунди едно дете умира како резултат на санитарните услови во кои што живее.
-
Едно 5 минутно туширање на човек од развиена земја е многу поголема количина на вода отколку вкупната дневна количина што ја користи еден човек во неразвиена земја;
-
Заразните болести преку водата имаат многу повеќе жртви отколку било која војна...
-
Кога ги миеш забите, затвори ја славината! Така ќе заштедиш 2 литри вода дневно, а тоа е 730 литри годишно.
-
Туширај се наместо да се капеш во када! За едно капење во када, се троши вода колку за три туширања!

Во Македонија, засега, се чини, нема проблеми со квантитетот на водите. Полни се 16 поголеми вештачки акумулации. Вода тече во 2.700 километри речни корита. Извираат води од 4.468 регистрирани извори. Вода има во 880 водоводи и во трите поголеми природни езера.
Но, квалитетот на водите, меѓутоа, кај нас останува проблем број еден.
За да се прочисти по природен пат од загадување езеро или река, науката утврдила, а светската практика потврдува, потребни се минимум 10 до 15 години. Истото правило важи и за прочистувањето на подземните води.
Во нашата држава зачудува широкиот радиус на незаинтересираност и периферно решавање на проблемите со водите. На многу изворишта на вода се наоѓаат депонии со отпад, а секој отпад, порано или подоцна, стасува до подземните води и ги загадува. Тоа е долготраен и за човечкото око невидлив процес. Македонија многу брзо ќе ги почувствува последиците за ваквата негрижа за отпадите.
Бројни извори ќе бидат загадени, можеби не сега, но за некоја година сигурно. Водата од нив, најчесто е чиста, но многу брзо, доколку не реагираме, може да биде и со „боја на чај“.
Концептот на одржливиот развој, кој како термин беше промовиран во
1992 година во Рио де Жанеиро на Светскиот самит за животна средина
и развој, секојдневно и интензивно струи низ светот, од работилници на
еколошки друштва до министерски конференции, од градинките до високо - научните симпозиуми, од секојдневните неформални разговори
на обичните луѓе до важните, глобални форуми во различни домени.Во основа, одржливиот развој претпоставува „економски развој кој е
социјално одговорен и праведен, еколошки прифатлив и кој се потпира на основните постулати на граѓанското општество”.За жал, длабоката и искрена анализа ќе ни покаже дека современиот свет многу помалку се покорува на рационалноста, на грижата за утре, за идните генерации, а
многу повеќе робува на сјајот на парите, на амбицијата за нови научни откритија, на сонот за превласт на човекот над природата. Таквиот
концепт, дефинитивно, не е одржлив.
Алтернативата на ова е светот да почне да го преточува концептот за
одржлив развој во практиката, во форма на секојдневно однесување,
живеење во хармонија со природата. Таквиот живот не е фиктивна
филозофија, ниту е висока политичка агенда за иднината. Таквото
живеење мора да се случува сега и овде, за сите и за секого.
АЛАРМ ЗА ПРИРОДАТА 2010 вклучува работа на проекти, како од еколошка така и од областа на музиката и уметноста, што ќе придонесе за будење на чувството на поврзаност и меѓузависност помеѓу човекот и природата и за спроведување на здрав начин на живот во хармонија со природното окружување.
АЛАРМ ЗА ПРИРОДАТА ги обединува силите на зелената армија, музиката и уметноста, образованието и студентските организации, науката и технологијата, архитектурата, владините и невладините организации, млади и стари, СИТЕ во заедничка акција за соочување и решавање на проблемите со животната средина.
Тридневниот музички фестивал во природа, со можност за кампување, има за цел да ги извлече луѓето, пред се младите од сивилото на градскиот живот и да им ја врати љубовта и почитта спрема природата.
За време на фестивалот, посетителите ќе имаат можност да ги проследат своите омилени музички бендови, диџеи и некои нови пресперитетни демо бендови, театарски претстави, проекции на кратки арт и долги музички филмови, да го следат светското првенство во фудбал 2010 FIFA WORLD CUP на видеобимови, во природа, можност да се сончаат, да се капат во водите на Охридското Езеро, да учествуваат во спортски турнири и слободни активности, до учествуваат во ликовна колонија...


Освен забава, посетителите ќе имаат можност да научат за рециклирањето, за обновливите извори на енергија, еколошки ресурси, производи и технологии, за органската храна, здрави животни навики кои ќе придонесат за почиста животна околина, да се запознаат/инволвираат со активностите на многу невладини организации од Југоисточна Европа од полето на екологијата и друго.
На фестивалот, ќе има и штандови за презентирање на работата, производите и технологиите на сите оние кои работат на обновување и зачувување на животната средина и на човековото здравје.
ОСНОВНАТА ИДЕЈА Е ДА СЕ ПРОМОВИРА И ПОДДРЖИ КОНЦЕПТОТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ И ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ЗДРАВИОТ СТИЛ НА ЖИВЕЕЊЕ.
АЛАРМ 1 еднаш имаше можност да стане бренд и да се величи кај публиката како фестивал со единствен квалитет. Годинава, ние ќе се потрудиме да правиме нешто што ќе трае подолго и затоа во старт ви најавуваме добра, скромна и квалитетна програма. Не очекувајте во старт светски имиња, имиња од топ листи и mtv машинерија, годинава ќе направиме фестивал кој ќе го градиме заедно со вас, кој се надеваме дека секоја година ќе биде поквалитетен. Во Македонија како што и самите знаете, не постои open air фестивал. Ние ќе пробаме таа дупка да ја пополнуваме од оваа година и секоја наредна. Драга публико, почитувани медиумски работници, се надеваме дека на ова новороденче ќе му ја дадете потребната поддршка и овогодинешниот АЛАРМ ЗА ПРИРОДАТА со новиот зелен концепт, кој досега не е спроведен, и ќе ги оправда вашите очекувања. Дека екологијата не е само параван за медиумски кампањи и правење на фестивали ве покануваме да го посетите сајтот alarmzaprirodata.mk и им се приклучите волонтерски начуварите на реките.

АЛАРМ ЗА ПРИРОДАТА, ОТВОРЕН ПОВИК!!!
Акцијата на организирано чистење на македонските речни корита и езерските брегови започна на 01.03.2010 и ќе трае сè до 31.10.2010. Ова е отворен повик за секој кој сака да се придружи. Сите волонтери во кампањата ќе бидат наградени со тридневен блок билет за престојниот еко-музички фестивал на брегот на убавото Охридско Езеро. За повеќе информации посетете ја alarmzaprirodata.mk


