Contact  

English | Shqip

АЛАРМ Видео

video of Ohrid, Macedonia

location of camp Ljubanishta

Програма
ПЕРФОРМАНСИ

Х.Е.Р.А @ АЛАРМ



Асоцијацијата за Здраствена Едукација и Истражување – Х.Е.Р.А. која се занимава со унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје и права на младите за време на сите денови од фестивалот ќе има штанд на кој ќе можете да добиете бесплатни кондоми, брошури и промотивни матријали за сексуално и репродуктивно здравје и права.
Покрај тоа особено ни е драго што на најголемата собиранка на млади луѓе ова лето Аларм ќе го промовираме краткиот анимиран филм “ Две девојчиња” за подигање на свеста за трговијата со луѓе.
http://hera.org.mk/

И додека безгрижно си сурфате на Интернет можете да го ѕирнете и блогот уредуван од младите волонтери на Х.Е.Р.А.  www.sr4all.wordpress.com



Y-PEER @ АЛАРМ

Y-PEER Македонија, младинската мрежа на врснички едукатори за сексуално и репродуктивно здравје подржана од UNFPA, Фондот за население на Обединетите Нации на Аларм ќе го прикажува краткиот едукативен филм “Маја” – Македонски филм снимен во Холивуд за време на фестивалот.
За да добиете повеќе информации за ХИВ/СИДА ве покануваме  да учествувате на едукативно забавниот квиз кој што ќе го организираме. Учесниците на квизот ќе добијат награди. Повелеле!!!
http://www.youthpeer.org.mk/


Кураторски проект
ALARM CONTAINER

автори: Јованка Попова, Ивана Васева

ALARM CONTAINER е отворена уметничка групација која преку различни видови уметнички практики настојува да претстави низа културни, еколошки и еко-политички дискурси.  Тргнувајќи од претпоставката дека предуслов за општествена трансформација е појавата на нова свест, се истражуваат можните варијанти во кои уметноста и културата може да придонесат кон таквата еволуција. Притоа, еколошкиот фактор (како еден од можните посредувачи меѓу уметноста и потребата од трансформаторско социолошко делување) е разгледуван како севкупна целина од биолошки, политички, економски и културни феномени. Крајната цел е развивање на провокативни уметнички процеси во кои е воспоставен отворен дијалог меѓу полето на уметноста и активизмот (преку истражување на комплексни прашања поврзани со конзумеризмот, загадувањето, потрошувачката на енергија и сл.), како и создавање на дела кои ќе го придвижат рецепиентот, од полето на свесност за одреден проблем, кон ангажирано делување во однос на истиот.

учесници:
Атанас Ботев (18:30, 26.06.2010)
Борис Петровски
Ѓорѓе Јовановиќ 
Миле Ничевски (+ Билјана Каровска)
Дејан Спасовиќ
Филип Јовановски
група ОПА (Слободанка Стевческа и Денис Сарагиновски)

АТАНАС БОТЕВ
 (Скопје, 1973) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, насока графика и графички дизајн (1997). Магистрирал на истиот факултет во 1999 година. Престојувал во Cite International des Arts – Париз во 2006 година. Истата година престојува во Њујорк како YVAA (Young Visual Artist Award), ISCP (International studio&curatorial program) artist in resident. Во 2007 година престојува во Санта Фе (Њу Мексико) каде што започнува нов циклус на слики Биоморфинзи. 2009 Работилница со Јута Бауер, Goethe Institut, Белград. 2010 На покана од Универзитетот во Чикаго учествува на симпозиум на тема: New Histories of Modern Art-The East European Avant-Gardes.Работи во повеќе медиуми: сликарство, графика, цртеж, стрип, инсталација. Активен е на полето на графичкиот дизајн: плакат за Скопски џез фестивал, 2005, обвивки за албум на Pikolomini, Алек Пејовски и NAV; поштенска марка 100 години ФИФА; бројни илустрации за детски списанија и книги. Објавувал стрипови во стрип списанијата ЛИФТ, Макстрип, Strip No Borders. Автор е на сторибордот за филмот Тајната книга во режија на Владо Цветановски, 2002. Работи како раководител на Отвореното графичко студио при Музејот на град Скопје.
 
Опис на делото 

Перформансот насловен како Уметникот 2 - Кафе и цигари повторно ја проблематизира улогата на уметникот во современото општество (проектот е надоврзување на перформансот насловен Уметникот кој се одржа минатата година пред платото на Дом на АРМ во рамките на групната изложба Скопски урбани приказни). Авторот ги поканува посетителите да му се придружат на кафе (и цигари) муабет, имајќи при тоа можност да се информираат за се она што ги интересира во врска со неговото творештво. На тој начин се демистифицира фамата којашто го следи уметникот како недопирлива и арогантна звезда. На друго ниво проектот е воедно и коментар за актуелниот закон против пушење. Имено перформансот ќе се одвива во импровизирана соба којашто симболизира затворен простор во којшто пушењето со закон е забрането. А знаеме дека кафето и цигарите се интегрален дел како што тоа го порачува Jarmush во неговиот култен истоимен филм. 

БОРИС ПЕТРОВСКИ (Скопје, 1975) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1998 година. Реализирал повеќе самостојни и учествувал на групни изложби во САД, Србија, Германија, Холандија, Бугарија, Финска и Македонија. Добитник е на наградата „Денес“ за млад уметник за 2007 година. Работи концептуални дела, инсталации во клубови, видеоарт перформанси и дигитални графики. Инспирација за создавање на неговите дела се проблемите од секојдневниот живот во т.н „современо општество“.

Опис на делото 
На повеќе различни локации на кои ќе бидат поставени корпи за ѓубре, авторот прави интервенција во просторот, односно поставува табли испишани со авторски текст, со кои сака да испровоцира одредено ниво на свесно анагажирање на публиката во однос на прашања поврзани со еко-културата. 



ЃОРЃЕ ЈОВАНОВИЌ
 (Скопје, 1980) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, сликарски отсек, во 2003 година. Добитник е на наградата „Денес“ за млад уметник за 2009 година. Во 2010 година престојува во Њујорк како стипендист на програмата ISCP (International studio&curatorial program). Реализирал повеќе самостојни изложби во земјава и во странство (Фрагментиран архив на уметникот од земјата во транзиција; Лош ден за Господинот Еузебио; Цртежи инспирирани од расказите на Франц Кафка; Свирачиња ви го претставуваат: Шоуто на Трионе Челебија; Призраците на Скопје; Згради што свиркаат; Нема повеќе крофни за господинот Зе!; Замзула; Прошетката на господинот Ченк низ раздвоениот континент). Автор е на певеќе перформанси (Рецесијата на новогодишната ноќ; Прочистување на водата (заедно со групата Свирачиња);  Исповедите на еден јадач на колачи; Смртта и воскресението на Свирачиња(заедно со групата Свирачиња); Продавач на машки солзи; Депресијата на новогодишната ноќ), а учествувал и на групни изложби во САД, Италија, Холандија, Белгија, Финска, Грција, Србија и Македонија. Освен тоа работи и видеа, анимации и цртежи. Ги истражува прашањата на интеграција и дезинтеграција на современиот човек, меѓучовечките односи, односот човек-општество и политиката како фактор на дезинтеграција на општеството. 

Опис на делото 

Насловот на перформансот е Караоке шоу. На одредена локација поставен e монитор и микрофон (опрема за караоке). На мониторот се појавуваат текстовите на песните напишани наопаку. Ретроградноста на медиумскиот простор и пошироко на јавниот општествен простор е всушност идејата за ова караоке шоу. Ако нашите омилени песни (како што е на пр. Химната) ги пееме од обратната страна, дали тоа ќе не наведе да се размислуваме за насоката во која се движиме? 

МИЛЕ НИЧЕВСКИ (Гевгелија, 1972) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, педагошки отсек, насока графика (1998). Магистрант е на Факултетот за Арт и Дизајн (визуелни комуникации), ЕУРМ, Скопје. Од 1999 година живее и работи во Гевгелија како раководител на Домот на култура, а од 2006 година претседател е на Управен одбор на Народен Музеј –Гевгелија. Во 2006 година оди на студијски престој во Париз. Член е на интернационална арт група G.E.M. (оформена во Париз, 2006) каде работи на долгорочниот проект “Silk roads-roads of dialogue”, проект базиран, на интер-културен арт дијалог, заеднички интерес за класични ликовни техники и нивниот однос со/во современите медиуми. Од јуни 2007 - јули 2008 работи како доцент на факултетот за Арт и Дизајн, на ЕУРМ, Скопје (Европски Универзитет Македонија). Реализирал повеќе самостојни и учествувал на групни изложби во земјата и во странство: Италија, Грција, Србија, Бугарија, Полска, Франција, Германија и САД.  Се занимава со сликарство, цртеж и стрип. Учествувал со цртежи и стрипови во повеќе списанија како и во дневниот печат и на веб-страници. Автор е на неколку кирилични фонтови и на следните книги/учебници: "Основи на Типографија", "Основи на графички дизајн". 
Билјана Каровска (асистент) 

Опис на делото 
Дел од проектот Панаѓурски табли е насликана композиција (на тема првземена од циклусот "Златно дете") на дрвена табла (со три отвори), во склоп на која случајните минувачи ќе можат да се фотографираат. Во рамки на инсталацијата еден фотограф (асистент) ќе изработува фотографии од оние кои сакаат да се фотографираат, при што една фотографија останува за уметникот, а една за "конзументите на уметност". Бидејки се работи за своевидна пародија на високата уметност т.е нејзината карактеристика да се плаќа и поседува, во оригиналната верзија по симболична цена се наплаќа фотографијата - исто како сто е случај и со вистинските панагјурски табли. 

ДЕЈАН СПАСОВИЌ
 (Скопје, 1974) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, скулпторски отсек, во 1997 година. Неговиот главен интерес во изминативе десетина години се аудиовизуелните инсталации и интерактивните перформанси и скулптури. Тој воедно е активен и на полето на музиката како член на неколку музички групи и проекти. Сеопфатна цел на неговите дела е истражувањето на комуникацијата на релација уметник публика и обратно, како и работа и мешање на повеќе различни медиуми. 

Опис на делото 

Основна идеја е да се направи скулптурален интерактивен перформанс со употреба на отфрлени работи, односно еколошки "ready made" – изработка на скулптура од ѓубре и непотребни предмети со посредство на публиката. 

ФИЛИП ЈОВАНОВСКИ (Битола, 1979) е архитект и визуелен уметник. Тој студирал на Архиектонскиот факултет во Скопје. 
Во неговата работа тој ги истржува границите меѓу различните медиуми и интердисциплинарната врска меѓу театарот, видеото, филмот, инсталациите и друго. Тој го смета просторот како суштински елемент кој ја дефинира архитектурата во сите нејзини различни начини на перцпција, во неговите дела тој се занимава со трансформација на оваа категорија во различните начини на сензација.  Бил дел од неколку театарски, видео и филмски фестивали во Европа, Јапонија, САД, Србија, Словенија и Хрватска. Тој е уметнички директор на Фестивалот за современи уметности АКТО во Битола. Досега направил повеќе од 15 сценографски решенија, 10 видео дела и неколку кратки филмови.



Опис на делото 
Перформанс/инсталација составена од камион за ѓубре, од кој неколку ѓубреџии делат картички (или разгледници) со посебен дизајн, кои содржат порака на нив. Картичките се принтани на рециклирана хартија. Идејата од која тргнува Јовановски за реализација на својот концепт е дека каминот како машина е метафора за современото потрошувачко друштво и тој ја преработува емоцијата која ја трошиме во конзумирањето на производите. Таа емоција сега ни се врака во трета форма а тоа се картичките, во форма на некаков адвертајзинг за “добар живот”. Прашањето кое го поставува е колку чини времето, животот секојдневен во ѓубре. Перформансот е еден вид на материјализација на потрошувачките емоции.

Групата ОПА (Опсесивно посесивна агресија) е формирана во 2001. година од ликовните уметници Слободанка Стевческа (*1971) и Денис Сарагиновски (*1971).  Двајцата студирале на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Работат на границите на ликовната, уметноста на новите медиуми и перформансот. ОПА ги преиспитува културните и секојдневните состојби, однесувањето и социјалните навики во одредена средина, во променливите социјални и политички услови, користејќи хумор и критички пристап. ОПА реагира на актуелните ситуации концептуализирајќи ги во арт форма преку мета-ситуации/позиции/наративи. Така, нивните активности вклучуваат акции, контекст-специфик проекти, видео, ТВ скрининзи, мокументарци и сл. Нивните проекти се често поврзани со социјалнииот живот на уметникот, како и арт системот во кој делува, расчленувајќи го уметничкото дело на неговите елементи: уметник/изведувач, објект/артефакт, публика, очекување, и пошироко, куратор/менаџер/институција.

Опис на делото
Видео RED CHIEF 4016 (2004, 5 мин.) 
Визуелна приказна за еден човек кој го изгубил јаболко планирано за паузата за ручек на работа. По агонија на пребарување, протагонистот го наоѓа јаболкото во ТВ-реклама, трансформирано во јогурт. Тоа е едноставна приказна за загубите на нешто скапоцено и метафора за губењето на идентитетот во современото општество базирано на слики, реклами и конзумеризам.


ACID TRIPLE

25.06 (Петок) Жонглирање со оган, плукање, и "Firestar"
26.06 (Сабота) во текот на вечерта - "Firewalk", жонглирање, и ниска пиротехника
27.06 (Недела) работилница за учесниците во текот на денот за жонглирање

ТАНГО БАНДА

Аргентинско танго (музика и танц), бесплатни часови за заинтересираните што ќе вклучат: чекорење по музика, танго постура, прегратка (гушкање:), комуникација, основни танго чекори и елементи

25.06 - 17:00 - 18:00
26.06 - 11:00 - 12:00 / 17:00 - 18:00
27.06 - 11:00 - 12:00 / 17:00 - 18:00


Bookmark and Share