Superhiks
Ако некој што паднал од Mарс, ве праша кои се СУПЕРХИКС, сигурни сме дека како од пушка ќе го изрецитирате следново:
Формирани во 1993г., Суперхикс се македонска ска-панк група со примеси на реге, латино, џез, свинг и балканска етно музика. На почетокот свиреа мелодичен панк/хардкор, а денес во бендот е вклучена и тричлена дувачка секција составена од труба, тромбон, флигел хорна и моќен перкусионистички сет воден од Гоце Наумов - Индијанецот.
Во текот на оваа деценија, Суперхикс ја делеа сцената со големи имиња од светската музичка сцена: Manu Chao and Radio Bemba, Fun Lovin Criminals, Fishbone, Tito and Tarantula, Henry Rollins, H-Block, Rico Rodriguez и многу други.
Зад нив стојат албумите "Чекај бе викам, каде бе малку" (2000), "Трумано" (2003), а во 2006 година го издадоа албумот “Live in Skopje” кој беше распродаден за помалку од 7 дена. Песната „Graffity Boy“, од нивниот последен албум “И сега...што?”(2008) го достигна врвот на топлистата на MTV Adria.
Суперхикс се појавија на повеќе национални и меѓународни компилации како што се: “Ska Generation”, ” I Woke Up in Мotion”, “Ska Factor Positive” и други.. Суперхикс се наградени за најдобар македонски бенд во 2001, 2002 и 2004, за најдобар видео запис во 2001 (“Раде”) и 2003 (“Знам дека љуби”), а нивниот концерт на Скопски саем беше награден за најдобар рок-концерт во Македонија во 2004 година.
Мизар
Мизар е рок група формирана во 1983 во Скопје. Во почетокот, групата била повеќе ориентирана кон рок музиката но со тек на време го промениле стилот, и под името „Мизар-второ откровение“ нуделе музика базирана на старословенското пеење, македонскиот фолклор, византиската традиција и дарк звукот. Во 2010 Мизар издаваат нов албум насловен како "Детето и белото море". Албумот е составен од 10 теми со мотиви од македонската милениумска звучна традиција збогатена со старословенсо пеење, македонски фолклор, византиска традиција и дарк звук. Албумот е создаден со еден нов различен состав во кој всушност само Горазд Чаповски е еден од оригиналните членови на групата, а покрај членовите на рок составот, во креирањето на албумот учествува и македонскиот византиски хор „Хармосини“.
Dedicated for Life
Dedicated for Life се скопски бенд кој за првпат се појави на локалната хардкор сцена во 2001 година. По година ипол напорна работа го издадоа нивниото прво демо, снимено во многу лоши услови, но се со цел да сведочи за песните кои беа направени во тоа време. По многуте свирки кои ги имаа во речиси секој град во земјата, тие почнаа да работат на својот прв албум “By All Means” кој беше комплетно завршен во 2004 година. Во меѓувреме D.F.L. претрпеa некои промени во составот, но после тоа тие го издадоа албумот и направија успешна турнеја низ Македонија која заврши во Скопје со повеќе од 1100 луѓе во публиката. Во 2006 година тие започнаа да работат на песните за претстојниот албум “Another Dawn” (2008). Во јули 2007 година, D.F.L. учествуваа на W.O.A. Metal Battle натпреварот на кој учествуваа земјите од поранешна Југославија и влегоа во финалето кое се одржа во Белград.Врв во кариерата беше нивниот концертот со Apocalyptica пред 3000 луѓе во Скопје.
Blla Blla Blla...
Почетната идеjа доаѓа некаде 1998 година, кога Идриз Амети собра неколку френдови од соседните улици и преку панкот, како форма и начин на изразување, започна со реализација на своите идеи. Од тој период останаа неколку демо снимки, настап на фестивалот Novi rock во Љубљана, учество на неколку групни свирки низ Скопје и желбата за Rock & Roll како начин на живот.
Во 1999 година, гитаристот Мухамед Ибрахими го напушти бендот, а на негово место дојде виолинистот Ермалј Скупи кој ја смени звучната слика на бендот. Во Март 1999 излегоа со своето прво официално издание, едноставно наречено “Blla Blla Blla”, како одговор на меѓуетничките тензии , несогласувања, разлики и сличности.
Следеа настапи на фестивали, концерти во Скопје, Солун Тирана, Битола , Пеќ , Призрен , Драч, концертна турнеја низ Македонија во рамките на кампањата за разоружување “За подобро утре!”, итн. Во 2005 година, по тригодишна макотрпна работа, го издадоа нивниот втор албум “Over Sky Ballkanishe Re-form”.
Smut
Smut се hardcore/metal бенд од Скопје, кој датира од 1996 година. Тие се еден од ретките бендови кои опстанаа на македонската сцена нешто повеќе од 10 години. Смут имаат издадено три официјални албуми: Smut (2001), Forever Is Not Enough (2004) и All I Have (2007). Ако на првиот албум го бараа својот звук, кој го најдоа и дефинираа со вториот, тогаш со последниот албум, All I Have, нивниот стил се издигна ниво погоре, како продукциски, така и музички, што покажува дека тие гордо одат по патот по кој се насочија. Признание за нивниот успех се и настапите заедно со: Sick of It All, Biohazard, Integrity, Hatebreed, Madball, Ignite, Defdumb, Born from Pain, Death Before Dishonour. Имаат настапувано во Србија, Бугарија, Хрватска, Босна, Романија итн.
Бендот го сочинуваат: Ѓорѓи Иловски (вокал), Ѓорѓи Трпковски (гитара), Дејан Николовски (гитара), Дарко Најдовски (бас), Благоја Антовски (тапани)
El Mundo & Satori (Netherlands)
El Mundo & Satori се всушност Pim van der Burgt и Ѓорѓе Петровиќ. Двajца енергични и амбициозни момци од Холандија, ентузијасти кои делат иста филозофија за животот, а особено за dance музиката..
Тие веруваат дека животот е забава, а музиката и танцувањето се токму тоа- забава. Ова е препознатливо како во нивните изведби, така и во нивните продукции. Нивниот стил може да се опише како funky, deep и ,се разбира, danceable. Многу добро знаат што се им е потребно на луѓето за да се забавуваат.Во суштина станува збор за артисти кои одржуваат константно висока температура на подиумот.
И двајцата имаат неколкугодишно искуство како диџеи и продуценти. El Mundo е DJ веќе 8 години, a Satori, кој навистина е талентиран и посветени музичар, околу 3 години. Имаат голема поддршка од познати диџеи/ продуценти како Loco Dice, Karotte, Richie Hawtin, Mattias Tanzmann, Dj Wild итн.
Mulder (Netherlands)
Mulder, роден како Willem de Mulder, е 28 години стар DJ и продуцент од јужниот дел на Холандија. Уште рано во младоста се запознал, и веднаш се вљубил, во тапанот и ударалките, љубов која го инспирирала сам да создава музика, па дури и го однела на академијата за музика години подоцна.
Неговиот одличен сенс за ритам во комбинација со техничката и теоретската умешност стекнати за време на студиите, се покажаа како одлична почетна точка за неговите продукции. Ова резултираше со изданијата "4Sure EP" и "Nice One EP " за BlaBla во 2009 година, кои беа поддржани од легенди како Richie Hawtin, Marco Corola, Karotte, Radioslave Josh Wink и Steve Bug. Неговото издание “Keep going EP" за BlaBla штотуку излезе и ветува многу. Ова лето, под името на неговото алтер его " Second Floor " тој ќе го објави и својот нов албум, а за понатаму се планирани и два ремикса за Ronan Portela's Unlock Recordings и Cray1 Labworks.
Letu Shtuke (BiH)
Letu Štuke беа формирани во 1986 година, кога четири средношколски другари од Сараево одлучија да направат бенд. Под влијание на pank и new wave, членовите одлучија да се приклучат на new wave стримот оддалечувајќи се од тогаш актуелниот pop-rock. Со својата ревносна работа и бројните концерти на она што некогаш беше познато како “демо сцена” во Сараево, ги заинтригираа музички критичари.
За време на војната во Босна, во ’90-тите, групата се распадна и се што остана од нив беа демо снимките. Дури во февруари 2005 година, Letu Štuke повторно се вратија во студио и, конечно, по 17 години чекање, го снимија својот прв албум насловен како, секако, “Letu Štuke”. Албумот беше одлично прифатен како од страна на публиката, така и од страна на критичарите. Во 2008 го издадоа својот втор албум "Proteini i ugljikohidrati". Сегашниот состав на бендот ги вклучува: Дино Шаран (вокал, гитара), Дејан Остојиќ (бас гитара), Џани Перван (тапани, ударалки), Дино Ватрењак (гитара) и Слободан Ќосиќ (клавијатури).
Zoster (BiH)
Зостер беа формирани есента 2000 година. Тие веруваат дека регето е соодветна музика за овa турбулентно време во кое и само доза на агресивност е премногу дури и кога станува збор за музиката.
Првпат влегоа во студио во 2003 година со цел да го снимат синглот "Majko Jamajko". Една година подоцна тие го снимија нивниот демо албум, за кој никогаш не се ни посомневаа дека ќе стане број 1 на локалните радио станици. Нивниот прв настап на West Herzegovina Fest им ја донесе и првата победа.
Неколку нивни песни им влегоа во уво на фановите и критичарите меѓу кои и "Policija", "Hercegovina", "Мајко Jamajko", "Kisa" и др. Во 2006 година, Зостер повторно влегоа во студио за да снимат 16 песни, од кои 12 песни беа избрани за вториот албум "Festival Budala". Потоа следеа песните: "Кој е jamio, jamio", "Utopija", "Na kamenu", "Festival Budala".
Зостер го сочинуваат: Марио Кнезовиќ (вокал, гитара), Борис Гутиќ (саксофон), Атила Аксој (гитара, клавијатури, перкусии, вокал), Марко Јаковљевиќ (бас, гитара) и Горан Ребац (тапани, маримба, перкусии , вокал).
Ljubojna
Составот Љубојна најавтентично го пренесува пулсот на македонскиот мелос. Станува збор за македонска музика на 21-от век, исплонета со страст, ентузијазам и енергија. Елегантна музика со жесток ритмички пулс, европска, а со манири и влијанија на истокот. Групата страстно ја изведува оваа музика во сите нејзини форми: изворна, класична, популарна, но и експериментална форма.
Љубојна стои зад повеќе уметнички проекти: претстави, балет, перформанси, музика за филм, а од 2002 групата настапува на голем број музички и театарски фестивали во светот. Имаат одржано повеќе од 50 концерти и тоа не само во Македонија и регионот, туку и во Торонто, Истанбул, Москва, Венеција, Рим, Кубкана, Марсеј, Париз, Њујорк итн. Во октомври 2005 година го издадоа својот прв студиски албум „П.С.О.“ на тема: "Парите се отепувачка", според романот на Ристо Крле. Вториот албум е снимен во живо и е насловен „Macedonia fresh“ (2008), а нивниот трет по ред албум „Песна за мојата песна“ го издадоа во 2009 година.
Lilit vs. Amon Mra
Овој скопски состав е составен од добро познати музичари од Македонија, кои зад себе имаат остварено преку 30 албуми а имаат и свирено со најдобрите артисти од нашата земја и од регионот. Бендот е формиран во 2006 година и по само една година го издаваат својот прв албум "Enlighten Me". На промотивната турнеја која трае од 2008 година Lilit V.S Amon Mra отсвире околу седумдесетина концерти а последен пат во Скопје ги гледавме на Пиволеннд и на новогодишната прослава на градскиот плоштад. Аларм ќе биде одлична прилика да го доживееме овој бенд во една убава опуштена фестивалска атмосфера.
Dizzies (Kosovo)
Dizzies се експериментален инди бенд од Приштина.
Овој музички состав експериментира со гласна психоделична фузија и важи за еден од носечките алтернативни состави од Косово. Бендот е составен од поранешни членови на на групите Gillespie и Gre3n.
Dizzies се познати се по тоа што се борат за човековото право на живот во чиста и здрава животна среднина. Во бендот членуваат: El Gjiis (Isah Mustafa) Bass Guitar, Senor Miguel (Guri Shkodra) Guitar , Her Mustafa (Faton Hasani) Drums Mr. Prenki (Gent Nimani) Guitar.
Eye Cue
Eye Cue се македонски бенд формиран во 2001 година. По неколку измени на составот, денешниот столб на групата го сочинуваат Бојан Трајковски (гитара и вокал), Иван Сариевски (бас-гитара) и Иво Митковски (тапани).
Карактеристично за Eye Cue е што нивниот израз ги содржи речиси сите потстилови на рок-музиката. Нивниот прв сингл “Магија” беше објавен во мај, 2008. Пет месеци подоцна излегоа со втор сингл кој го носи името на нивниот прв албум “Superstar Wannabe”, a нивниот трет сингл “Glowing Lips” овој скопски рок состав концертно го промовираше заедно со нивниот албум минатата година. Со “Not this time” Eye Cue ја освои публиката од регионот и за само две недели успеа да се искачи на првото место на регионалната топ листа за најдобар спот на светската музичка мрежа MTV, оставајќи ги зад себе големите музички имиња како Ван Гог, Лака, Елементал, Негатив и др. Најзабележителни настапи имаа на Бум Таксират Фестивал, Пиволенд, Вевчанскиот Карневал како и во многу клубови.
|
|
Zebra Tracks (Greece)
“Zebra” концептот постои уште од почетокот на оваа деценија, но се “препородија” во ноември 2005 како Zebra Tracks. Продажбата на нивниот прв doublesingl “Silicone Valley/ Borealis Fallacia” во 2006 година во 700 копии и големиот број на продадени концертните билети, беа неочекуван успех.
Следуваа настапот на Урбан фест во Осјек, Хрватска и снимањето на песната “Spare Time Soundtrack” која подоцна станa дел од саундтракот на филмот “Approaching of the hour”. Во декември 2006 година ги придружуваа Film, еден од најпознатите грчки бендови, на нивната турнеја низ Грција. Zebra Tracks EP, кој излезе во 2007 година, беше одлично прифатен од страна на критичарите и публиката. Истата година, Placebo ги одбираа токму нив како нивна предгрупа на концертот во Lycabetus Theatre, каде свиреа пред 7000 публика. Еден месец подоцна, свиреа заедно со Kaiser Chiefs, Long Blondes и Good Shoes на Open Air Festival. Во 2008 година интензивно работеа на нивниот албум “A family picture from…” за да, конечно, биде издаден и промовиран во октомври, 2009.
Денес, Zebra Tracks се на турнеја низ повеќе градови и работат на нов материјал.
Слаткаристика
Марко Маринковиќ е роден на 15.08.1986 во Скопје. Со творење започнува од својата 12 годишна возраст. На 15 години заедно со својот другар Skeet Skeetara jа оформуваат Хип Хоп групата “Единствена Опција” и во 2004 година го издаваат Албумот “Рап Тврдина”. Заедно со Пука Козметика, Скеет, Ел Мариачи, Боро Лакаж, Кацар, Желе, Сиги, Аце НЛ, Че и Dj Dimitrij Ye Ya во 2008 г. ја оформуваат групацијата “Токсикологија”. Во мај 2009 година потпишува договор со продукцијата Јованов Рекордс и го издава својот прв соло албум насловен како “ Слаткаристика Будало” со кој постигна значителни успеси и ја најави Хип Хоп револуцијата во Македонија. Во последнава година покрај повеќето значителни настапи направи концерти во Охрид - Антички театар, Дом на Култура - Штип и Струмица, Спортска сала Младост - Битола и Метрополис Арена - Скопје. Во Мај 2010 година излегува ДВД изданието од неговиот голем концерт во Метрополис Арена - Скопје. Моментално Слаткаристика работи на својот нов албум.
Bernays Propaganda
Како подобро да се опише бендот BERNAYS PROPAGANDA, ако не како ,,надеж за иднината”? Накратко би можеле да се опишат како разигран new wave/post-punk бенд со шармантен женски вокал. Но, нека не ве залажува овој опис; се работи за еден извонредно политички освестен бенд под влијание на музичкиот израз на Submission Hold, Fugazi, Gossip и Gang of Four. Цврстиот звук на тапаните придружувани од грув линија на басот, е основата на која се надоврзуваат слоеви на фанк и кршлив звук на гитара, а на крај, како цреша на врвот на “тортата”- феноменалниот женски вокал. Дали ги споменавме лудиот ентузујазам, енергијата која пука и заразно добрата атмосфера? Е, па да и тоа! Можеби и тоа е причината што тие успеаа да остварат преку 100 настапи низ цела Европа само во текот на 2009 година и со само еден издаден албум. И покрај тоа што не се занимаваат со мејнстрим медиуми, тие сепак стигнаа на врвот на радио листите и придобија силна медиумска поддршка.
Нивниот нов албум „My Personal Holiday“ излезе на 26 април оваа година.
А потоа, сите знаат што следува- турнеја без престан.
Olene Kadar (live) (Netherlands)
"Хаотичен, неконвенционален, откачен", Olene Kadar, или Henk van Zwol from Oldeholtwolde, е интригантна личност со исклучителна смисла за музика и фризура.
Класична приказна: веднаш штом го добил својот прв компјутер, седнал да прави музика. Подоцна, со помош на своите пријатели, Olene стапил во контакт со продуценти од Friesland кои го запознале со регионалната техно сцена. Останатото е историја. Хенк создава песна по песна по песна ... Во Амстердам 2007 година, извонредните live-сетови на овој млад Холанѓанец ја забавуваа публиката во клубовите Sugar Factory и Studio 80.
Овој исклучителен човек покажува огромна страст спрема музиката и креативноста. Поради неговиот атипичен перформанс, многумина веруваат дека е меѓу оние артисти кои најмногу ветуваат.
Сетовите на Хенк се динамични, набилдани со лупови, ефекти и неверојатни вокали. Одлично комуницира со својата публика, а секој негов сет е приказна сама за себе.
Daniel Sanchez (Netherlands)
Даниел Санчез ни доаѓа од Амстердам. Покрај неговите Bla Bla и Rotzooii настани, кои секогаш се целосно распродадени, тој е и успешен диџеј, продуцент и сопственик на Bla Bla издавачката куќа. Bla Bla настаните, на кои секогаш е спремен со најновите и најдобрите звуци од актуелни изведувачи од целиот свет, се случуваат во срцето на Амстердам, во клубот Studio 80.
Како DJ тој веќе има стекнато голема популарност поради неговите незаборавни DJ-сетови што ја полудуваат публиката. Ремиксот на “Mumbling Yeah” од Loco Dice, Marco Carola и Paco Osunabe беше само најава за она што следи: богата варијација на идни изданија.
Има работено на многу проекти во соработка со светски познати имиња. Сите овие проекти се доказ дека Даниел Санчез навистина е голем мулти-музички талент. За релативно краток временски период тој успеа да прерасне во врвен electronic dance продуцент. Повеќе од сигурно е дека неговата пасија спрема оваа музика ќе резултира со уште многу одлични проекти во иднина.
Linda Në Botën E Çudirave (Albania)
Linda Në Botën E Çudirave е алтернативен експериментален бенд кој ни доаѓа од Тирана, Албанија. Бендот е формиран во 2008 година од страна на: Linda Rukaj (вокал, гитара), Bledar Boraku (гитара), Franc Kurti (бас гитара) и Erlind Hoxha (тапани).
На нивната музика најногу влијаат изгрејсонцето, на топиот мирис на земјата по дождот, облаците на небото, небото, секој дериват на природата, животните, човекот, дрвјата, млекото, цигарите, цвеќињата, тишината, љубовта, загубата, лудилото, силата ... и многу други слични или спротивни нешта. Најважно за нив е да го кажат она што го мислат, допираат, чувствуваат и фантазираат со нивната музика.
T.B. Traceri
Терористичка Банда Трачери (или Т.Б. Трачери) се rock& roll бенд формиран 1994 год. До 2001 немаа никакво издание зад себе, но сепак имаа околу стотина хитови со снимки од нивни концерти. Во 2001 година излезе нивниот прв албум „Клати и тркалај“ кој експресно испари од музичките продавници. Во 2003, го издадоа вториот албум „Купи ме“, а третиот „Шлагери од Содома“ во 2005 година. Поставата, која ни доаѓа од Куманово, Скопје и Виница, ја сочинуваат: Кирчо Арсовски (гитара, вокал), Кирил Арсов (бас, придружни вокали, гитара), Андреј Анастасов (тапани, придружни вокали), Ивица Димитријевиќ (гитара) и Алекандра Поповска (придружни вокали).
Foltin
Надреализам, страст и жешка танцувачка атмосфера на брзите македонски ритми- веројатно ова е најсоодветниот опис на музиката на Фолтин. Иако користат стандардни музички елементи, нивниот пристап во градењето на атмосферата е непредвидлив, и пред се оригинален. Нивниот јазик е фонетска имитација на јазици како што се: Шпански, Француски, Португалски, Романски... , таканаречен “Спонтан Есперанто”. Овој необичен состав себеси се опишува како псевдо-емигрантско кабаре, и често нивните концерти се претвораат во моќно аудио-визуелно доживување. Но, тоа не е нешто неочекувано, ако се земе во предвид фактот дека работат и на музика за театарски претстави во која ги користат “ready-made” инструментите или го креираат амбиентот со објекти од немузичка примарна функција, различни звучни конструкции, склуптури и инсталации.
Имаат учествувано на многу музички и театарски фестивали во Македонија, Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Франција, Унгарија, и неколку пати се наградени за нивната работа.
Групата постои од 1997 година и до сега има издадено 5 албуми: “Out Re-Mer”, “Archimed”, “Donkey Hot”, “Lo-Lee-Ta-Too” и “Оваа трансплантирана машина за чукање досега не типкала љубовно писмо”.
Let 3 (Croatia)
Уште од самиот почеток, во 1986 година, Let 3 се позиционираше како уникатен феномен на некогашната југословенска, а денес хрватска и словенечка рок сцена. Тие се првокласна рок атракција со неверојатна енергија, театарска перфекција и целосно уникатен звук поддржан со специфичен хумор и чувство за бизарност. Нивната незгасната желба да ги возбудуваат и шокираат луѓето, во комбинација со провокативни елементи (стриптиз на сцената, појавување во униформи на озлогласената екс-југословенска армија, баби со мустаќи, голема статуа на баба со огромен фалус, јавни самоубиства...) придонесоа да станат една од најинтересните музички и културни појави во цела источна Европа. Последниот албум на Let 3, "Bombardiranje Србије i Cacka", беше прогласен за хрватски рок албум на годината. Дискографија: Two Dogs Fuckin' (1989), Еl Desperado (1991), Peace (1994), Zivi kurac (1996), Necuveno (1997), Jedina (2000) и Bombardiranje Srbije i Cacka (2005).
High Control
Инспирирани од револтот спрема изобличените моралните вредности и обидот за контрола на сите сегменти на опшественото живеење, четворицата момци од Тетово одлучија да го именуваат својот бенд High Control. Формиран во 2005-та година, High Control важи за бенд кој некои музички критичари го класифицираат како indie rock band, иако кај истиот може да се почуствуваат grunge, metal и progressive елементи.
Нивната прва деби изведба се случи на Winner Fest во 2008 година, каде успеаa да влезат во финалето и настапуваа во три града заедно со останатите 8 финалисти. Нивниот следен натпреварувачки перформанс беше на Total Dem-O Fest каде жирито им ја додели наградата за најдобар бенд . Како победници, добија можност да го издадат нивниот деби албум In Every Way, кој беше промовиран во Castro Club на 17 април, 2009 година. Успешниот настап на Exit Festival 2009 во Нови Сад, Србија, им обезбеди покана и оваа година да настапат на овој светски популрен фестивал, но овој пат, на поголемата Fusion сцена.
Во моментов, бендот интензивно работи на нивниот втор албум.
Infuse
Почетоците на Infuse датираат од декември, 2006 година. Макотрпната работа разултираше со нивниот деби албум “Around The Black“ (2008). Ова е веројатно првиот концептуален албум во Македонија, со влијанија од литературата и уметноста. Стилот на музиката може да се опише како електро-поп, со алтернативни, амбиентални и други музички примеси. Членовите го карактеризираат својот стил како organic-electro поради вклопувањето на органскиот звук со пијаното, гитарите и гудачкиот квартет. Поради измени во составот, групата имаше период на повторни подготовки, но сепак, продолжуваат по својата зацртана патека. Бендот е во одлична музичка кондиција, што на публиката и нуди енергична свирка и исклучително музичко доживување.
Во групата, покрај Влатко Георгиев (клавијатури), свое учество земаат и Светлана Јовановска (вокал), Дејан Милосављевиќ (тапани) и Зоран Костадиновски (електрична гитара).
Sethstat
Sethstat размислуваат за одредена област во музичката уметност каде идеите се резултат на модерниот урбан живот, под силно влијание на традиционалното музичко богатство. Користејќи фолк ритмови, мелодии и мотиви како подлога, во комбинација со релативно модерни инструменти (тромбон, саксофон, труба, бас гитара, перкусии, сајзер и пијано),создаваат музика со еден поинаков, специфичен дух.
Sethstat се еден од најактивните и најпознати македонски џез состави кои досега имаат издадено четири албуми: "Seth Makes Sense" (1993), "Within Yourself" (1996), "Sethstat" (2000) и "Rolling Garage" (2004).
Имаа извонредни настапи во речиси сите македонски клубови и концертни сали, како и во странство (Будимпешта, Белград, Загреб, Сараево итн.), а досега соработувале со повеќе респектабилни организации како: Skopje Jazz Festival, Bagi Records, Radio Jazz FM, 20th Century Music Festival - Synthesis, European Youth Music Festival, Belgrade Summer, Zagreb Jazz Festival, Sarajevo Jazz Festival и др.
|