Аларм
ЛОКАЦИЈА
Љубаништа е село во близина на Охрид во Република Македонија. Се наоѓа на самата македонско – албанска граница на околу 2 км од манастирскиот комплекс Св. Наум и изворите на Црн Дрим и околу 28 km од Охрид. Љубаништа има неколку плажи.

Овој комплекс има голема историска, културна и туристичка вредност за целата држава. Според пописот во 2002 година во Љубаништа живеат 171 жител. Од нив најголем дел се постари лица кои живеат во горниот дел од селото каде преовладуваат постари камени или реновирани куќи.
Во долниот дел од селото се изградени викенд куќи кои се користат само за одмор во летниот период. Во селото постои стара училишна зграда од времето кога во селото бројот на деца бил поголем и се изведувала настава. Денес малиот број деца учат во Пештани.

Мапата на кампот можете да ја погледнете тука


На само два киломентри, во близина на Љубаниша, се наоѓа најголемата туристичка атракција во Охрид - Манастирот Св.Наум.
http://www.ohrid.org.mk/mk/crkvi/sv_naum.htm
Плажата на Љубаништа, тука


