Новости
ФЕСТИВАЛСКО ИНФО

- Капијата на АЛАРМ ЗА ПРИРОДАТА фестивалот и кампот се отвара на 24 јуни во 8 часот наутро, а се затвора 28 јуни во 10 часот на пладне.
- Во текот на тие денови сите служби на фестивалот ќе работат 24 часа на ден.
- Престој на гостите во кампот и на фестивалот е дозволено само со нараквица која се добива со замена на билетот или купување на истиот во приколката пред фестивалската капија.
- Благодарејќи на операторот ONE кампот Љубаништа ќе биде покриен со Wi-Fi мрежа, а ќе има и интернет кафе, како и специјална просторија со полначи за мобилни телефони
- не заборавајте дека не се скока World Cup, затоа што се обезбедени 2 локации на Бум ТВ
- камперите имаат на располагање тушеви , како и заеднички тоалети за сите посетители на фестивалот.
- На Аларм не е дозволено внесување на храна, пијалоци, палење на скара, оружје..итн...www.alarm.com.mk
- Автомобилите можете да ги паркирате на 1 km пред влезот на фестивалот, на посебно означен паркинг. Имате најмногу 10 минути пеш одење до влезот на фестивалот или да го почекате фестивалското комбе кое ќе ве одведе до Љубаништа или обратно.
- Обезбедена е најразноворсна храна и пијалоци со посебен акцент на вегетеријанската исхрана
- Забрането е капење по 18 часот во езеро
- Има точно одредени локации за кампирање и не е возможно поставување шатор секаде
- Секое утре школата за високо новинарство ќе издава, уредува и подготвува фанзин за фестивалот АЛАРМ


