Аларм
ИСТОРИЈА
АЛАРМ ЗА ПРИРОДАТА е второ издание од АЛАРМ фестивал.
Првото издание, АЛАРМ 1, се одржа во авто кампот Љубаништа- Охрид, во 2002 година, со времетраење од 12ти до 14ти јули. Вклучуваше три стејџа, 45 бендови и 35 диџеи од Германија, Данска, Унгарија, Југославија, Хрватска, Бразил, Јамајка, В.Британија, Бугарија, Белгија, Словенија, грција, Албанија, Косово..., театарски претстави, активности на невладини организации, работилници, сликари, студиа за тетовирање, отворено кино, спортски турнири и др. Имаше 30.000 посетители не само од Македонија, туку и од тогашна Југославија, Хрватска, Бугарија, Босна, Грција, Косово...



