Contact  

English | Shqip

АЛАРМ Видео

video of Ohrid, Macedonia

location of camp Ljubanishta

Инфо
ПРАВИЛА

ДА!

- Шатори
- Ранци
- Капи
- Мобилни телефони
- Очила за сонце
- Цигари
- Мали  преклопни чадори - Мантили
- Капки за контактни леќи Фотоапарати
- Инсулин (со здравствена книшка и личен документ за идентификација)

НЕ!

- Алкохолни и безалкохолни пијалаци
- Дрога и наркотици
- Оружје (ножеви, пушки и сл.) и распрснувачки матерјали
- Домашни миленици
- Палење оган
- Припремање скара
- Автомобили
- Автобуси
- Мотори
- Метален прибор

Сите служби на фестивалот ќе работат
24 часа на ден.

При секој влез во кампот, ќе биде извршена рутинска контрола на секој посетител.

F.A.Q.

Најчесто поставувани прашања

ВЛЕЗНИЦИ

Дали треба да понесам лични документи на фестивалот?

Според законот на Р.Македонија сите се должни секогаш со себе да носат некој личен документ за идентификација, така што и на фестивалот е задолжително носење на личен документ.

Дали може да ја откажам или да ја вратам влезницата?  

Откажување на купените карти и рефундирање на парите не се можни без фискална сметка.

Што да правам ако купам лажни влезници?

Единствено влезниците кои се купени од овластените продажни места се валидни. За влезниците купени на други места, купувачот сам си ги сноси последиците.

Колку пати можам во текот на фестивалот да влегувам/излегувам?

Камп нараквицата е ваша лична влезница. Се додека ја поседувате, влезот/излезот е неограничен 24 часа.  


ДАЛИ МОЖЕ СО СЕБЕ ДА ПОНЕСАМ:

Алкохол?
Не. Забрането е внесување на алкохол и на било какви други течности на фестивалот.
Пиво, вино, сокови, вода и др. можете да купите на фестивалот.

Храна?
Не. На фестивалот можете да купите секаков вид на храна, од свеж зеленчук и овошје до готови производи.

Вегетаријанска/веганска храна?
Да.

Дали можe да го понесам својот домашен миленик?
Не, поради безбедност на домашното милениче, но и поради безбедност на останатите посетители.  

ДАЛИ НА ФЕСТИВАЛОТ ПОСТОЈАТ:

Телефонски говорници?
Не.

Банкомати?
Се трудиме да обезбедиме.

Кои  алкохолни пијалоци ќе бидат достапни на фестивалот?
На шанковите можете да купите пиво, бело и црвено вино, како и жестоки пијалоци.

Место на кое што можам да ги оставам моите работи?
Не постои. Ве молиме да си водите грижа за своите работи и да не носите повеќе од онолку колку што ви е потребно. Исто така, имајте во предвид  дека вашиот багаж ќе биде претресуван на влезот.

Инфо пултови?
Да, на Аларм фестивалот постои инфо пулт кој прецизно ќе биде означен.

Дали можам да се обратам на обезбедувањето ако тоа ми е потребно?
Секако. Во случај да ви е потребна помош можете да се обратите на обезбедувањето.

Дали е дозволено палење на оган и спремање на скара?
Од безбедносни причини палењето на оган и спремањето на скара е забрането.

Прва помош?
Првата помош, дежурна екипа на Црвениот крст и противпожарната служба се стационирани во самиот камп.

Со оглед на тоа што кампот е дел од фестивалот дали постојат специјални влезници или секој може да влезе во кампот?
Влез и престој во кампот се дозволени исклучиво со камп нараквицата која секој гостин ќе ја добие при влез на фестивалот.

Кој одговара за изгубените работи оставени во кампот?
За работите оставени во шаторите и камповите фестивалот и организаторите не сносат одговорности.

Дали е потребно да се остават некои документи при влез и кои?
Потребно е да се понесе лична карта или пасош, но само на увид поради идентификација и пријава за престој.

Дали постои обезбедување во кампот и за што е одговорно?
За обезбедување се ангажирани редари и тие се тука да се грижат за ваша сигурност.
Тие се задолжени и за контрола на тоа кој има право да престојува во кампот и секогаш можете да им се обратите за помош и упатства.

Дали има тушеви со топла вода и тоалет?
Гостите - кампери имаат на располагање тушеви со топла вода како и заеднички тоалети за сите посетители на фестивалот.

ОПШТИ ПРАШАЊА

Дали мобилните телефони се достапни на фестивалот?
Да.

Дали интернет услугата е достапна има на фестивалот?
Да, се трудиме кампот за време на фестивалот да го направиме слободна интернет зона.

Дали можам да пушам цигари на целиот простор од фестивалот? Дали постојат непушачки зони?
АЛАРМ фестивалот се оддржува на отворен простор и не постојат непушачки зони.

Какво ќе биде времето во текот на фестивалот?
Какво време не очекува за време на фестивалот погледнете тука.

Каде можам да бидам сместен за време на фестивалот и колку е цената?
На АЛАРМ фестивалот можете да бидете сместени во камп приколки или шатори. За детални информации кликнете тука.

Што можам да купам на фестивалот?
На АЛАРМ можете да ги купите сите видиви на пијалок и храна, како и сувенири како официјален merchandise.

Дали ќе биде прецизно објавено времето на почеток на концертите?
Времето на почеток на концертите ќе биде објавено и на нашиот сајт и на флаерите. Со оглед на тоа што на АЛАРМ фестивалот ќе настапуваат повеќе од 100 изведувачи можно е да дојде до непредвидени ситуации, па и до измена на времето за настапи.

Дали може на фестивалот да донесам опрема за снимање?
Професионални апарати и камери (со променлив објектив) може да се понесат со себе заедно со претходно добиена прес карта, додека за останатите (без променлив објектив) не е потребна акредитација.

ПАТУВАЊЕ

Дали можам да го паркирам автомобилот на лице место?
Не. Просторот на АЛАРМ фестивалот не е наменет за паркинг простор.        

Каде можам да го паркирам автомобилот?
Автомобилот можете да го паркирате на 1 km пред влезот на АЛАРМ фестивалот, на посебно означен паркинг. Имате најмногу 10 минути пеш одење до влезот на фестивалот.

Колкава е цената за паркинг?
Блок цена за сите денови додека трае АЛАРМ фестивалот е 100 денари. Поединечна цена за секој ден е 50 денари.

Како да стигнам на АЛАРМ фестивалот?
За локалниот транспорт можете подетално да се информирате тука.

Сите прашања, предлози, сугестии, во врска со овогодинешниот музички еко фестивал АЛАРМ ЗА ПРИРОДАТА можете да ни ги испратите на alarmzaprirodata@gmail.com, alarm@alarm.com.mk

 

Bookmark and Share