Новости
ЕКО АКЦИЈА
Не делат уште четири дена до почетокот на единствениот отворен фестивал во Македонија - Аларм за природата. Четири дена забава на отворено, повеќе од 100 часа музичка програма, четири бини и повеќе од 300 изведувачи.

Во четврток (24.06.10) екипи на Литиум, Бивиум, волонтери, амбасадори, симпатизери, активисти, нормални и обични луѓе ќе се соберат во 10 часот во центарот на Охрид да го означат почетокот на фестивалот и акцијата за чистење на охридското крајбрежје, која ќе заврши во кампот Љубаништа т.е. фестивалот Аларм за природата. Специјален гуру мајстор и еден од најголемите подржувачи на фестивалот е словенскиот амбасадор во Република Македонијагосподинот Ален Брајан Бергант, кој исто така ќе биде и активен учесник на еколошкиот охридски маратон.
Новост е дека кампот Љубаништа ќе започне со загревање веќе на 24.06. т.е. ден порано од најавеното. На Смирноф Денс бината, вечерта ќе настапат:
TENGRI (Dj Set)
KELP FOREST (Dj Set)
MICROVERSE AND MANS
ONIRO
BLISARDGON DEMOGORGON (Live)
CHESMO (Dj Set)
SYSTEM OVERLOAD (Dj Set)
Ова некои го викаат Нулта ден, ние ќе го викаме Бонус.
Бонус време да се наместат шаторите, бонус да бидат ден повеќе со девојката/дечкото/, бонус за иста цена 4 дена, бонус е што ќе ни помогнат во чистењето....све е бонус.


