Аларм
НВО САЕМ
23-25 Јуни
Рибарски приказни
Безбедност на езеро
Еко фото-работилница
Вело Арт
КОНЦЕРТ
Еко акција I
Демонстрација на уметничко цртање
Aкробатски точки, магија, мини-циркус
Работилница по оригами
Транспаренти и маски
СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ - прво коло
КОНЦЕРТ
Еко акција II
Изработка на сложувалка
Школо за цртање стрипови
Еко квиз и еко натпревар
Ликовна работилница
СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ - второ коло
КОНЦЕРТ
Еко акција III
ПРЕЗЕНТАЦИИ/ПЕРФОРМАНСИ
Школо за цртање стрипови
Цртање на платно
Работилница по применета уметност
СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ - полуфинале
03.00 КОНЦЕРТ
ДИСКУСИИ
Изложба на стрип делата + избор на најдобар еко стрип - студент
Едукативна порака
Еко рециклирање
Охрид од езерска перспектива
Еко патрола
СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ - финале
КОНЦЕРТ
Еко акција
Рибарски приказни

Сесија на раскажување на стари градски приказни, реминисценци на минатото, од обични граѓани, но и од реномирани писатели и поети, кои во живо ќе читаат извадоци од своите дела посветени и инспирирани од Охрид и езерото.
Безбедност на езеро
Активисти на црвениот крст изведуваат манифестација на сите чекори на спасување, реанимација и транспорт на жртва-давеник од езеро, како и презентација на прочистување на вода во кризна ситуација и вештини на организацијата. Манифестацијата се спроведува со стручна екипа и со користење на модели.
Еко фото-работилница
Сликање сцени во просторот, природата, однесувањето на луѓето во јавниот простор, како и разни моменти од камп живеењето во Љубаништа. Освен едукативна и активистичка вредност, сликите ќе имаат и ликовна вредност, со моќ да генерираат повеќе значења, симболика и би отворале визура за решавањето на проблемите наталожени со таложењето на отпадот. Од работилницата ќе произлезат 3 фото-приказни со по 5 фотографии кои ќе бидат финално изложени на изложба. Во рамките на работилницата ќе се одржат и неколку предавања за мотивите на настанување на сметот, влијанието врз околината, управување на отпад, социјалните моменти при решавањето на отпадните места.
Вело Арт
Дефиле на возачи на велосипеди кои изведувајќи разни акробатски и арт точки со своите “превозни” средства ќе ги покажат убавините на користењето на овие сообраќајни средства и ќе апелираат за користење на немоторизирани форми на превоз и движење низ градот.
Еко акција
I
Фестивалот во координација со сите негови учесници ќе организира еколошки акции I, II, III, за чистење на охридското крајбрежје кое е во катастрофална состојба. Тоа ќе биде акција за јакнење на еколошката и на граѓанската свест кај сите учесници на фестивалот како и кај граѓаните.
Демонстрација на уметничко цртање
Група на реномирани уметници и студенти на тема екологија.
Работилница по оригами
Со помош на стара хартија, новинска хартија, и нова/чиста хартија во боја, се прават разни предмети од хартија во јапонската техника оригами. Учесниците на фестивалот исто така, ќе се вклучат во самата работилница. По завршениот настан, секој учесник добива една фигура на подарок. Од направените предметите може да се направи изложба.
Транспаренти и маски
Учесниците на фестивалот со транспаренти кои ќе содржат пораки за: правата на младите да живеат во здрава животна средина, Еко пароли и сл. Паролите ќе бидат испишани на повеќе јазици: македонски, албански, ромски, англиски. Маските треба да бидат фантазија на младите кои ќе се пријават за учество, а врзано за темата.
СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ - прво коло
Турнир во мал фудбал; Турнир во одбојка;
Турнир во пинг понг; Турнир во шах;
Судии од Еколошките друштва
Изработка на сложувалка
Македонските уметници ќе изработат едноставна сложувалка со еколошки мотив, од рециклиран картон, во зголемени димензии. Учесниците на фестивалот ќе ја сложуваат на брегот од езерото.
Школо за цртање стрипови
Стриповите треба да бидат фантазија на младите кои ќе се пријават за учество, а врзано за темата.
Еко квиз и еко натпревар
Едукатори по животна средина презентираат поими од заштита на животната средина, екологијата, третманот на отпад и ги поставуваат на паноа за да се видливи. Повеќе учесници ќе бидат поканети да учествуваат во натпревар за побрзо трчање низ еколошки лавиринт, бирајќи разни можности за излез од загадена средина до виножитото. Едукаторите ги повикуваат посетителите да решат задачи како што се ребус, анаграм, превртени зборови, кои едуцираат за природа, река, рециклирање и здравје. Секој што дава точен одговор добива подарок - пиво.
Ликовна работилница
Цртање цртежи со теми за Охридското езеро, екологијата, градот Охрид, природата, убавините на татковината, животот на езерото, градскиот живот, културата, вметнувајќи едукативна порака за издигнување на свеста.
ПРЕЗЕНТАЦИИ/ПЕРФОРМАНСИ
Учесниците на НВО саемот
Цртање на платно
Со помош на еко бои, младите ќе цртаат на платно разни цртежи и пораки со теми за езерскиот живот, градскиот живот, заштита на животната средина, природата и својата татковина.
Работилница по применета уметност
Со помош на стара хартија, други стари предмети што не се веќе за употреба, лисја од дрва, камења, цвеќиња и трева од околината, брашно, се прават најразновидни предмети. Предметите ќе бидат: дечиња од тесто (истите, младите можат да ги употребат за ланчиња), рамки за слики, разновидни украси. Од направените преметите може да се направи изложба.
ДИСКУСИИ

Учесниците на НВО саемот
Едукативна порака
Членови на еколошките здруженија и инспекторите на Градот објаснуваат за можни болести, проблеми по населението од големо загадување на езерото, демонстрирајќи начин на анализирање на загадувањето на вода и почва. Тие низ повеќе видео презентации за убавините на природата околу езерото, загадувањето на Охридското езеро и колку го уништуваме водениот жив свет, ќе апелираат на поголема грижа за природата. Ќе се организира анкетирање со 4 прашања поврзани со екологијата, културата и градскиот живот.
Еко рециклирање
Од рециклажни материјали (пластични шишиња, лименки, кеси и друг отпаден материјал) млади учесници ќе создаваат инсталации и реплики на разни објекти со што ќе апелираат на развој на еколошката, естетската и хортикултурната свест кај младите. При изработката на инсталациите и репликите се повикуваат посетителите да се вклучат.
Охрид од езерска перспектива
Во соработка со Кајакарскиот сојуз ќе се организира претставување на кајакарскиот спорт, формата и функционалноста на кајакот, ќе ги презентираат своите достигнувања и вештини на возење кајак. Предноста на овој спорт се презентира како можност за промоција на градот, развој на туризмот, развој на спорт и да се запознае езерото и нејзините добри и опасни страни.
Еко патрола
Активисти извидници демонстрираат извиднички вештини, начини на преживување во природа покрај езеро, со поставување шатор, барање храна, правење анализа на еколошката состојба, едуцирајќи ги посетителите да не се уништува природата. Тие ќе организираат еколошка патрола по должината на брегот од Охридското езеро, во која што се слика состојбата на околината. Младите се покануваат да учат за животот во природа
СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ - финале
Победниците добиваат картон пиво
Еко акција
Фестивалот во координација со сите негови учесници ќе организира еколошка акција за чистење на кампот каде што ќе се одвиваат фестивалските активности. Тоа ќе биде акција за јакнење на еколошката и на граѓанската свест кај сите учесници.
Учесници:
ДЕМ (Движењето на Екологисти на Македонија) е невладино, непрофитабилно и аполитично здружение. Тоа е национално здружение кое вклучува 23 локални еколошки невладини организации како редовни членови со кои координира. ДЕМ е членка на многу еко-организации како Пријателите на Планетата Земја (FoEI),а има и добра соработка и комуникација со невладини организации од државите од соседството. ДЕМ има работено на многу проекти со организации како IUCN, Avalon и сл. за подобрување на животната средина на локално ниво преку работилници, тренинг програми, истражување на терен и создавање на студии на случај, како и кампањи за подигање на свеста, предавања, директни акции и друго. www.dem.org.mk, www.dem-info.blogspot.com
Организација за културна соработка ИНТЕРКУЛТУРА е основана кон крајот на 1997 година и официјално е регистрирана во 1998 година.
Во моментов, организацијата е активна на локално и национално ниво, но во исто време сме претставени и дејствуваме на меѓународно ниво. Главна цел на организацијата е промовирање на младинската работа, преку неформалното образование, како и промовирање на културата на сите етнички заедници кои што живеат во Македонија.
Здружение на Граѓани, Млади Пожарникари ВОЛОНТЕРИ СФЕРА – Битола со своето делување придонесува преку едукација, во зголемување на свесноста на сите возрасни групи за значењето на заштитата од пожари и придобивките кои произлегуваат од тоа. Развивање на Волонтерска противпожарна волонтерска бригада во Битола на принцип на Скандинавските волонтерски противпожарни бригади со делување на општина Битола и спознавање на волунтаризмот меѓу младината.
Земјоделско Здружение - Машински круг - Пробиштип
Отворен сервис на доверба со современа технологија за конкурентен земјоделски производ, Развој и организациско јакнење на Земјоделско Машинскиот Круг за самоодржливост. Едукација и комуникација со даватели и приматели на услуги и заштита на животната средина.
“Млади за млади” е организација во која работат млади луѓе кои се посветени на активности за младинската јавност од видот на неформално образование и тренинзи за креативни начини на живеење со организација на работилници, семинари, дискусии, компетитивни истражувања, натпревари, изложби. МЗМ досега има активна вклученост во Младинската програма на Европската Комисија и продолжува со соработката на програмата Младите во акција (Youth in action).
Стрип центар на Македонија со седиште во Велес е формиран во 2002 како продолжение на ДРУШТВОТО НА ЉУБИТЕЛИ НА СТРИП “СТРИП АРТ” (формиран во 1995 г) Истиот има за цел да го оживее и афирмира македонскиот стрип како внатре така и вон нашата земја, сaкa дa ги организира авторите на стрип во нивната творечка дејност, како и да ги претстави достигнувањата од светската и домашната стрип култура пред пошироката јавност и љубителите на стрип во Р.Македонија.
Центар за неформално образование ТРИАГОЛНИК е локално здружение на граѓани. Својата дејност ја спроведува на територијата на Република Македонија од Јуни 2002 година, прво како ПРОНИ Центар за социјална едукација, подоцна како подружница на Шведската невладина организација Форум Сид, за во Јуни 2007 година да премине во локално здружение на граѓани.
ТРИАГОЛНИК препознава, вклучува и инспирира млади работејќи директно на намалување на невработеност, зголемување на младинска партиципација и подобрување на интеретничките релации во градовите Скопје, Тетово, Куманово и Кавадарци, работи со сите млади луѓе на возраст од 12 до 26 години. http://www.triagolnik.org.mk/
СОУ ”Наум Наумовски Борче” има за цел Воспитно - едукативен процес. Гимназиско образование, угостителска структура и техничари
Зелената арка (The Green Ark) е организација формирана 2007 година со цел унапредување и заштита на природната околина. Главна задача на организацијата е промовирање на принципите, методите на работа и етичките начела на Пермакултурата (Permaculture). Здружението е член на Balkan EcoVillage Network и подржува унапредување и формирање на урбани и рурални еко заедници, исто така се залага за промовирање на еко-архитектура и развој во соработка со природата. Главен метод во работата на организацијата се практични активности преку кои се стекнуваат вештини и се учат нови решенија за одговорен однос кон мајката природа.
Сојуз на извидници на Македонија - ОСНОВНАТА ИДЕЈА Е ДА СЕ ПРОМОВИРА И ПОДДРЖИ КОНЦЕПТОТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ И ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ЗДРАВИОТ СТИЛ НА ЖИВЕЕЊЕ
Здружението на граѓани Одржливи иницијативи од Скопје во партнерство со Здружението на граѓани Екстрим спортс и Здружението на граѓани Плагијат за време на фестивалот АЛАРМ за природата сакаат да ги поттикнат младите на про-активно граѓанство преку подигање на интересот кај младите за екстремните спортови, музиката, културата и велосипедизмот. Оваа активности трите здруженија пионерски ја водат преку своите портали: xmkd.com, plagij.at и to4ak.com веќе 9, 6 и 3 години соодветно.
WWOOF—Македонија е здружение на граѓани, чија цел е создавање на можности за волонтери на органски фарми. WWOOF овозможува пат на луѓето да научат повеќе за органската храна, фармерството како и начинот на живот. WWOOF ја овозможува единствената културна размена од ваков вид. Патниците од сите возрасти можат да ги посетат знаменитостите во Р.Македонија и на краток временски период да го живеат вистинскиот живот на фарма. Волонтерите имаат можност да се стекнат со знење за селскиот живот, да научат техники за одржливо земјоделие, како и да бидат во семејна атмосфера.


