Програма
CINEMA
Петок, 25.06.10
The Long Walk - Documentary (USA) 2007
Преку планините Нуба, во Судан, на температура од 45 степени, Сара секој ден патува пеш цели 7,5 часа за да обезбеди вода која му е потребна на семејството. Половина од патот таа носи 20 литри вода на својата глава).
Режисерот на овој документарен филм, Али Хобс, патува со неа и го снима секој чекор од патот. Овие клипови, со времетраење од една минута, ни го доловуваат секој момент од оваа “прошетка” и тешкотиите што ова патување ги подразбира. The Long Walk е алегорија за животите на 1.1 милијарди лица кои во моментов живеат без пристап до чиста вода, од кои многумина поминуваат цел ден одење за да најдат 20 литри валкана вода за готвење, перење, пиење и чистење.
Пристапот до чиста вода е прв чекор надвор од сиромаштијата.
Колку далеку вие одите за вода?
http://www.youtube.com/watch?v=53xhhZW_ywU
Kad Se Neko Nečem Dobrom Nada (Србија, 2001)
Времетраење: 28'
Биографски документарен запис за 20те години постоење на Obojeni Program, еден од најзначајните rock состави од Србија, со многу архивски кадри и занимливости од кариерата на овој легендарен новосадски бенд. Упорноста и тврдоглавото инсистирање на истрајност резултираа со импресивна кариера и сјајни поп ремек- дела што ретко кој бенд од овие простори ги има во своето портфолио. Квалитетот на текстовите и специфичноста во изразувањето ги издвојуваат во тесниот круг на Одбраните, чии албуми и денес ги слушаме со подеднакво уживање. Филмот не е класична ретроспектива на постоењето на групата, туку повеќе се базира на исповедите на членовите на бендот како и коментарите на разни уметници и новинари кои низ приказната говорат и за поширокиот општествено-политички контекст во кој групата беше формирана и во кој, во текот на сите овие 20 години, опстанува.
SHUFFLE: Politics, Bullshit and Rock'n'roll… (Косово, 2005)
Времетраење: 42'
Автори: Edon Rizvanolli и Ylber Mehmedaliu
Наградуван филм за алтернативната музичка сцена во Приштина, емотивен приказ на животот на младите во најсиромашниот регион на овие простори, потресна приказна и икрени исповеди на младите луѓе кои не се откажуваат и покрај проблемите. Шест бендови, шест приказни, шест погледи кон подобар живот и обид да се разберат несреќните околности во кои свирењето во панк бенд изгледа како многу храбар чин, а оптимизмот и добрата волја можат да послужат како пример. За турбулентните меѓуетнички случувања и проблемите со кои живеат, дел од нив го обвинуваат турбо-фолкот, а други го критикуваат недостатокот на професионализам и сериозност во пристапот и инволвираноста.
Сабота, 26.06.10
DOLGCAJT (Словенија, 2006)
Времетраење: 47'
Првиот филм од проектот за најважните словенечки rock-албуми, некако природно им припадна на Pankrti и нивното влијание врз словенечкото (и југословенското) општество. Pnkrti се прв бунтовнички панк бенд чие влијание се чувствува и денес, а нивната револуција е прикажана низ духот на времето, вклучувајќи ги и влијанијата кои тие ги имале врз целокупниот општествен контекст. Во овој филм ги следиме случувањата низ очите на вистинскиот фан на групата, Marin Rosić, секако, низ многу разговори со протагонистите и сведоци на тие случувања. И токму како и панкот на Pankrti, филмот е динамичен, брз и директен.
4DEATHSOFPUNK (Хрватска, 2009)
Времетраење: 20'
Mandelbrot Set трпеливо и упорно го градеа својот статус како една од најинтересните noise-rock приказни на хрватскиот андерграунд. Минатата година го дочекаа нивниот втор албум, сега имаат и еден филм, краток и јасен, како што и се очекуваше. Направен е во работилницата на Filmaktiv во Ријека.
RADIO APOKALIPTIKO (Словенија, 2008)
Времетраење: 25'
Heavy metal феноменот и во овие краеви има свои светли моменти, а еден од нив дефинитивно е легендарениот Метал Камп во Толмин (Словенија), мал “конзервативен” град каде секоја година се собраат 15.000 металци кои доаѓаат од сите страни и остануваат на таканаречениот Метал одмор цела недела. Новинарот Janez, како објективен набљудувач, разговара со Едните и со Другите, оставајќи ни простор сами да заклучиме.
100 WAYS TO BECOME COOL (Холандија, 2007)
Времетраење: 18'
Упорно и тврдоглаво, бучно и бескромпомисно, во далечната Холандија, Ivica Košavić прави одлични noise-rock снимки со бендот Gone Bald. Ова е кратка верзија на приказната за неговиот живот . Филмот е дел од пакетот кој содржи книга и снимки од концертот, и се заедно е одличен документ за еден обид да се стане кул.
Недела, 27.06.10
4 Koncerta za Buldožer in… (Словенија, 2007)
Времетраење:43'
Неодамнешната турнеја на Buldožer, еден од најзначајните словенечки бендови, доби и интересен филм. Ненаметливото бележење на интересните случувања пред и зад сцената, осликување на атмосферата во бендот и одличните снимки од кокнцертниот настап, резултираа со посвета на една од најважните дискографии во историјата на овие простори. Додека го чекаме вистинскиот биографски филм за Buldožer, опуштено и задоволно ќе уживаме воповторното дружење со старите пријатели.
The Breeders- Real Deal (Холандија, 2002)
Времетраење: 40'
Еден од филмовите во склоп на легендарната холандска серија документарни филмови на Lola Da Musica, а е за сјајниот бенд на Kim Deal, басистката на Pixies. Филмот е всушност приказна за две сестри близначки, Kim и Kelley, кои ги основаа The Breeders. Снимен во нивната куќа, овој женски разговор ќе ги увери сите кои мислат дека Kim е една од најкул личностите на оваа планета. Свирките во дворот и во студиото за проби ќе ја покажат сета магија на настапите на The Breeders, сето она поради кое го пуштаме радиото погласно секој пат кога ќе засвири Cannonball.
One Man in the Band (Англија, 2008)
Времетраење: 83'
Наградуван филм за “one man” бендовите, еден интересен обид сите оние звуци и шумови во главата на авторот да се пренесат до сите заинтересирани, во соло варијанта: само јас и вие, па да видиме. Причините, мотивацијата и имагинативните технички решенија поради кои се одлучиле за ваква “борба”, ќе ги придобијат вашите симпатии, но и ќе ве поттикнат да се одлучите за нешто слично. На овој филм можете да му пристапите и како на социолошка студија, но ние тоа не би ви го препорачале. Погледнете како Man from Uranus и многу други открија дека музиката звучи многу подобро кога сами ја свирите.
Put the Needle on the Record (САД, 2006)
Времетраење: 83'
За сите фанови на електронската музика, инспирирарачко патување од самиот почеток на dance музиката, до денес. Jason Rem, на годишната DJ конференција во Мајами, имаше можност да се сретне со сите важни диџеи и продуценти. И многу добро ја искористи: приказна за DJ културата, со фантастичен soundtrack, пријатна забава, но и сјаен документарец за еден широко дефиниран поим. Ако сте и најмал фан на dance музиката, немојте да ја пропуштите оваа можност да го погледнете филмот на големо платно и да заиграте. Можност да ги видите своите омилени DJ херои (Deep Dish, Charles Feelgood, Dieselboy, Josh Wink…) во кадри преполни со енергија.
Петок, Сабота, Недела
SOUTH AFRICA 2010 FIFA WORLD CUP - пренос




